Во октомври годишен раст од 8,0 отсто на вкупните депозити и од 5,3 отсто на вкупната кредитна поддршка

Bez autora
Nov 22 2023

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени 8,0 % како резултат на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства, извести Народната банка.

Годишниот пораст на кредитите од 5,3 % произлегува од зголемувањето на кредитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.

Паричната маса (монетарниот агрегат М31,2) во октомври забележа месечен пад од 0,7%, во поголем дел како резултат на намалените депозитни пари и краткорочните депозити, при помал придонес кон падот и на готовите пари во оптек, a во услови на раст на долгорочните депозити до две години. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 5,2%, главно поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити, при позитивно влијание и на останатите компоненти.

Во октомври, вкупните депозити3 се намалени за 0,3% на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата остварија раст. Споредено на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,0%, којшто се должи на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik